ДВА ДЕНА КАРНЕВАЛ – ПРОЧКА

15 godini ProckaСледниот викенд, по 15-ти пат ќе се одржи Меѓународниот карневал Прочка. На парадата на маски, креативноста, духовитоста и оргиналноста ќе ја покажат стотици учесници. Се очекуваат илјадници посетители на плоштадот да уживаат во карневалската фешта која ќе започне на 12-ти, а ќе трае и на 13 март во 13 ч. со дефилето на Мечкарите. Се очекува во градов да пристигнат карневалски групи од повеќе земји.

Забава, концерти, изложби и други настани се дел од прочкарските настани што ќе се случуваат и во саботата на 12-ти март. Прилеп ќе врие како во кошница за “прочкарскиот” викенд. 

На Прочка се верува дека се буди пролетта, а обичајот на преправање има корен негуван од касапскиот еснаф.

Prilepskite meckari vo SplitИнаку, прилепскиот чувар на традицијата, групната маска “Прилепски Мечкари” учествуваа неодамна на Сплитскиот карневал на Рива. 

Loading