СТАРТУВА КУПОТ ЗА ЖЕНИ

Ракомет

RakometЖенската екипа на Прилеп немаше многу време за подготовки, бидејќи веќе в сабота е закажан првиот официјален меч. Во рамките на четвртфиналето од Купот, противник е фаворитскиот состав на Металург. Дуелот се игра во Скопје. На останатите мечеви се среќаваат Вардар јуниор – Пелистер и Куманово – Ѓорче, а претходно Вардар со 48-14 го совлада Овче Поле.

Машкиот тим на Прилеп синоќа го имаше четвртиот контролен натпревар со резултат (31-30) дома против Вардар јуниор. Претходно на истиот паркет со 32-28 беше совладан Борец, а порази претрпени од истиот ривал во Велес и дома од Пелистер. Има изгледи да се одигра уште еден меч, со Пелистер во Битола. Тренерот Томче Петрески располага со 17 првотимци. Меѓу нив приклучени се младинците Илиески и Шокоски.

Loading