БРЗО СЛИКАЊЕ ЗА ОСМИ МАРТ

В понеделник

Под мотото „Уметниците по повод Осми март“ во ЦК „Марко Цепенков“ в понеделник ќе се одржи традиционалната манифестација „Брзо сликање“, на која ќе творат членки на Друштвото на ликовни уметници, меѓу кои Билјана Бинчев, Маја Најдоска, Бојана А. Трпческа, Верче Николоска, Наде Тоскоска, Емилија Ѓорѓиоска…

ЦК „Марко Цепенков“ седмипат е организатор на креативната манифестација, преку која на поинаков начин се одбележува меѓународниот ден на жената. Создадените дела ќе бидат презентирани на изложба.

Loading