КРУЖЕН ТЕК И НАДГРАДБА НА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

Во Кривогаштани

KrivogastaniКривогаштини ќе гради нов зелен пазар со дел за млечни и месни производи, промена на постојното улично осветлување со ЛЕД економични  светилки на сите регионални патни правци, нова фасада на општинската административна зграда со адаптација на доградбата над домот на културата за нови канцелариски простории и нова покривна конструкција. Градоначалникот Тони Заткоски потпиша договор со Министерството за финансии за подобрување на општинските услуги за 260 000 евра.

Општината почна со подготвување на тендерската документација за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот, а чиј почеток се очекува за два-три месеци и да се оконча до крајот на годинава.

Од понеделник тргнуваат работите на плоштадот и градбата на кружен тек на крстосницата во центарот. Крај општинската зграда ќе се постави јарбол, висок 30 метри, за да се вее македонското знаме.

Центарот ќе го промени изгледот и ќе добие физиономија на модерно мало гратче.

Loading