ТУРНИР ЗА ПУБЛИКА

Мал фудбал

Vladimir MiceskiПубликата одвај чека привлечен настан за проследување, а токму таков е в недела (16 ч.) во салата на СОУ “Р. Р. Ричко”. Таму ќе се одржи најавениот хуманитарен меморијален турнир во мал фудбал “Владимир Мицески”, во чест и сеќавање на прерано починатиот спортски работник, тренер и некогашен фудбалер. Претстои уживање во мајсториите од поранешните репезентативци: Ќириќ, С. Милошевски, Т. Мицевски, М. Стојковски, Ставревски, Тодоровски, Наумоски, Стојкоски, Здравески. Учествуваат екипите на Победа, Вардар, Работнички, Пелистер, Напредок и Тетекс.

Собраните средства од влезници и донации ќе бидат наменети за семејството од починатиот.

Loading