ПОРАКА СО ЗУМБУЛИ И СРЦИЊА

Tvorestvo za radostЗумбули и срциња “исперчени” на тезги го привлекоја вниманието на минувачите. Децата од клубот на лица со интелектуална попреченост, Порака, со нивните рачни изработки, изненадија потсетувајќи дека доаѓа 8 Март, празникот на жената. Се радуваа кога некој ќе им купеше од творбите со толку труд и љубов. Пофалбите им ги грееја срцата, како знак дека луѓето ги поддржуваат, ги почитуваат  различните, давајќи им вредност во средината во која живеат. Секогаш афирмирајќи го нивното мото, “Да си подадеме рака за поддршка”, уште еднаш покажаа дека нивната креативност е стимул за многумина. 

Loading