ГРМЕА ЦРНОБЕЛИТЕ ФАНОВИ

Euforija za JuventusСтрасно бодрење, стискање палци, разочарување, надеж, воздишки на олеснување, крикови на радост, прегратки, беше дел од амбиентот кога црнобелата армија собрана во кафуле го бодреше својот фаворит, Јувентус во мечот против Баер Минхен на осминафиналето од Лигата на шампиони. Не беа во Торино, но навивањето сигурно се слушаше далеку. Без да изгубат надеж, веруваа дека нивниот Јуве нема да падне пред двата гола на противникот. Погласни од спортскиот коментатор, ја палеа атмосферата на секоја шанса за гол. Грмотевици од радост фрчеа кога Дибала и Стураро успеаја да ја затресат мрежата на моќниот минхенски тим. Заедно, на ваков, или таков начин, нивната сплотеност и верба, í даде сила на старата дама да ги задржи шансите за пласман. Фановите најавуваат уште поголем собир на реваншот и на пролет да тркнат на финалето.  

Loading