ДВЕ КОНТРОЛИ НЕДЕЛНО

Ракомет

Ракометниот суперлигаш Прилеп зачести со пријателските мечеви. Прво дома одигра и загуби од соседниот Пелистер со 24-27. Завчера гостуваше на Борец во Велес и претрпи втор пораз (32-29). За в сабота или в понеделник во “…Ричко” е предвиден реванш со Борец, а потоа сигурно ќе има уште контроли. Може да се очекува и реванш со Пелистер, а има преговори за дуел со Вардар јуниор. Вкупно планирани се седум-осум пријателски мечеви до стартот на првенството на 12 март.

Женскиот состав на Прилеп деновиве почнува со тренинзите.

Loading