ПРВА ЛИГА Е ЖЕЛБАТА ПРЕД ПОВЛЕКУВАЊЕ

Фудбал: Тони Мегленски, капитен на Победа

Pehar od Kavadarci - PobedaПосле саботниот тест дома со Влазерими, ближи 27 февруари и пролетниот второлигашки старт на Победа со Гостивар. Оптимизмот е оправдан со тест-дуелите каде се постигнати пет победи и три реми, без пораз. По пехарот од Кавадарци (1-0 со Љубанци и 3-0 со Тиквеш) задоволството е кај капитенот Тони Мегленски.

 

 

Како ги оценувате подготовките?

– Минаа во најдобар ред. Подготвени влегуваме во пролетната етапа.

Пријателските?

– Одигравме одлично. Треба да продолжиме во првенството. Лош момент е повредата на Влатче Петрески.

Новите играчи?

– Добро се засиливме. Претежно, се млади, прилепски играчи.

Што да очекуваме напролет?

– Одиме на триумф на секој меч. И покрај хендикепот – домаќини на неутрален терен, борбата е за највисок пласман.

 Целта е Првата лига?

– Во оваа екипа бев капитен низ најголемите успеси. Се надевам дека пред моето повлекување Победа ќе биде прволигаш, статус што го заслужува.

Loading