ПЕНАЛ-ГОЛОТ НА СУАРЕС Е НЕРЕГУЛАРЕН

Горан Спиркоски

Речиси 200 години се игра фудбалот, а само петти пат (по Белгијците Коперс-Питерс и Северноирците Бленчфлауер-Мекелрој во 1957, Хрватите Шурјак-Јерковиќ 1981, Холанѓаните Кројф-Олсен во 1982) се случи индиректна реализација од пенал, преку додавање од Меси до стрелецот Суарес. Дали голот е регуларен?

– Според правилото за пенал, мора ударот да биде од белата точка, топката да се придвижи нанапред и соиграч на изведувачот да не влезе во шеснаесетникот пред да биде изведбата. Првите две одредби беа испочитувани, но третата – не, бидејќи Суарез втрча чекор предвреме. Голот требаше да биде поништен – вели Горан Спиркоски, ФИФА судија.

Изгледаше многу едноставна и лесна реализација по акцијата Меси-Суарес. Многумина се чудат зошто ретко се користи овој трик. Некои сметаат дека на тој начин шансите за промашување се минимални. Судијата има друго мислење.

– Постои ризик. Доколку некој од одбраната ја прочита намерата, може прв да втрча до топката и да ја спречи асистенцијата – смета Спиркоски.

Loading