Историја
Според податоците мошне бргу била изградена спортската сала „Македонија“. Камен-темелникот во присуство на Кирил Тавчиоски, секретарот од СИЗ за физичка култура и Милорад Думбалоски, потпретседател на Собранието, бил поставен на 22 декември 1976, а пуштањето најавено за 9 септември 1977. Работите ги извршувала ГП “Пелагонија”, според проект на „Криваја“ од Завидовиќи, Босна. Планот бил покриена површина од 4500 м2 со близу 3000 седишта. Вредноста била 30 милиони нови динари.
Покрај главниот објект биле предвидени отворени терени, покриен базен и луна-парк.
![]()

