БУНДЕС ЛИГАТА Е МЕСТО ЗА ТЕМЕЛКОВСКИ

Борење: Клубот 7 Мај Леов открива понуда од Минхен

– Одлуката е в година, по завршување на гимназијата

Germancite se interesiraat za nego - Teodor   TemelkovskiИма многу примери од минатото кога се правеа трансфери на ракометарки, ракометари и фудбалери, а по сé изгледа дојде времето надвор од границите на државава да замине и еден борач. Изгледа неверојатно, но најновите информации од Борачкиот клуб 7 Мај Леов го навестуваат токму тоа. Сé се врти околу името на најнадежниот предводник во овој спорт, Теодор Темелковски, младински репрезентативец на Македонија.

– Заинтересиран за Темелковски е клуб од Минхен, член на Петтата германска бундес лига. Прво стигна телефонска, потоа и официјална писмена понуда – открива Саше Игњатовски, тренерот.

Колку да сакаме да ги задржиме нашите најдобри спортисти, убаво е да се слушне дека некој ги цени во странство. Штом понудата доаѓа од развиена спортска велесила како Германија, тогаш јасно е дека се работи за висок квалитет што го поседуваме и треба да го цениме. Прашањето е дали во клубот размислуваат да се прифати понудата што практично никој не би ја одбил, туку секој би ја посакал.

– Одговорот ќе почека додека Темелковски не заврши гимназија. Дури летото в година ќе може да патува за дефинитивни преговори и евентуален трансфер. Дотогаш ќе ги одржуваме контактите со Германците – најавува стручнакот.

За Темелковски претходно интерес пројавиле и Србите со понуда за државјанство. И тоа не е изненадување ако се знае за каква класа станува збор. Во државава нема кој да го победи во категоријата до 57 килограми. Единствениот фаворит во дуел со него е натурализираниот Македонец од Русија, Владимир Егоров. Тој минатиот викенд на Изборното сениорско првенство ги победи сите без мака во првата рунда, а најдолгата борба му траеше 48 секунди. В сабота е дуелот Егоров – Темелковски.

– Егоров на 21 година е еден од најголемите светски таленти. Планот е Темелковски да му земе барем еден до два поена и со тоа да го докаже градскиот потенцијал – истакнува Игњатовски.

На Државното јуниорско изборно во Радовиш ќе настапат и клупските другари Христијан Пенков, Борче Богатиноски, Катерина Мирческа и Маја Дејкоска.

Медали од Приштина

На Меѓународниот турнир во Приштина, БК 7 Мај Леов доби плакета за придонес во развојот на борењето, пехар за најуспешна странска екипа и три медали. Најсјајниот, златниот, го донесе Темелковски со четири победи над Кипранец, Косовец, Романец и Албанец. Бронзи зедоа Мимичкоски и Богатиноски.

Учествуваа седум држави

Loading