НАМЕСТО КАФЕ, СЕ БИСТРИ ПОЛИТИКА

Како дневните политички случувања влијаат врз граѓаните?        

Дојде време кога дневните политички настани го вртат секојдневнието на граѓаните. Преплавени со информации од политиката, друга тема, како да не останува. Можеби сме една од ретките земји каде и малите деца знаат за политика, знаат кој е премиер, а кој претседател. Илјадници млади наместо додворување и уживање во пријатните кафе муабети, дел од времето го посветуваат во исправање политички “криви Дрини”. Некои гледаат вести во очекување на некој испад, некој скандал, афера за да зборуваат и коментираат веднаш на фејсбук. Секој со своите проблеми и искуства критикува, мудрува и сите стануваат политичари.

Во изминативе години пред сé информациите доаѓаат преку телевизиите, кои главно се фокусираат на политиката. Покрај турските серии, медиумите брмчат за политика 24/7, било на вести, било со “едукативни” емисии или дебати на политички фаци или во последно време наречени експерти или аналитичари. Ставањето на политиката на пиедестеал, протагонистите ги носи на прво место во животите на сите генерации.

Но, кој е товарот на обичниот човек во секојдневнието? Различни се мислењата на граѓаните на прашањето како дневните политички случувања им влијаат во животот. Полето на интерес беше колку ги следат политичките случувања, дали се преокупирани, дали можат да го замислат денот без политички информации и како сето тоа се рефлектира на секојдневието

1 Dejan AckoskiДејан Ачкоски: Негативно влијаат дневните политички случувања, оти прво не сум политички определен и сé што слушам за политиката, е како притисок. И да не сакаш да гледаш, неизбежно е да “запалиш” телевизор, да се пуштиш на интернет и така ќе се провлече нешто политичко.

 

 

 

 

 

 

 

 

2 Dimce VeleskiДимче Велески: Не сум во тек со актуелните политички збиднувања. Не се обидувам да ги следам. Ме заморуваат, оти се пласираат премногу информации. И потребни и непотребни. Дури се “поматува” разумот и свеста за правилно расудување. Лошо е што сите се преокупирани со тоа, кој политичар што рекол. Внимателно го следат секој потег, потоа да имаат тема на муабет. Затоа, избегнувам вести оптоварени со политика. Си ја гледам работата, без да “си ја чукам” главата со туѓо олеле. 

 

 

 

 

 

 

3 VladeВладе: Не ме интересира политиката, оти сите се арамии. Неизбежни се политичарите. Се појавуваат и мораш да гледаш, оти каде и да пуштиш, ќе видиш некоја политичка дрмолетка. Тоа ми влијае негативно. Ми создава негативна енергија, не само мене, на секому. Создаваат нервоза. 

 

 

 

 

 

 

 

 

4 Petar NikoloskiПетар Николоски: Од страна на политика ништо не ме интересира. Нема фајде колку и да зависи нашиот живот од политиката. Разочаран сум од сите политичари и политички партии, оти ми влијаат и на децата. Едното има 6 години, а друго 2,5 години, и наместо да играат, врискаат со име на една политичка партија. Штом децата знаат за состојбата во државата, како и татко им, работите се излезени од колосек и контрола. Можеби родителите се лош пример?

 

 

 

 

 

 

5 MileМиле: Премногу информации за политика секојдневно течат, што е дури напорно. Ги следам тековните политички настани, оти не се бега од нив. Ги има на секој канал, и на интернет и по социјалните мрежи. Дури и низ седенките со пријателите. Наместо кафе да пиеме и да уживаме, бистриме политика. Нé зарази политиката. Ни ја контаминира средината, пријателите. Како да не знаеме за друго, освен да дискутираме за политичарите или партиите, особено за време на изборните кампањи. 

 

 

 

 

 

 

6 Marijan TaleskiМаријан Талески: Не сум по политиките и со резерва ги примам, затоа се оградувам од секакво влијание. Ме интересира спортот. Во Прилеп претежно се пишува и емитува за реални настани. Има премногу политика на националните телевизии. Гледам вести, но со сомнеж, оти повеќето од информациите се непотврдени. Не се прима “здраво за готово” сé што е кажано. Избегнувам и да не ми се врши притисок за гласање. Одредени спорови и кавги, треба да ги решат меѓу себе или пред надлежни органи, па после на телевизија.

7 Dejan PetreskiДејан Петрески: Не гледам многу телевизија, но често “киснам” на интернет. Не ги читам порталите полни со политика, оти лажат и едните и другите. Преку глава ни е од политика. Затруени сме со политики. Околу, воздухот смрди на политика. Само за тоа се зборува, само тоа се емитува. 

Loading