ВЕЛЕСКИ СОЛИДЕН ВО ПЛОВДИВ

Шах

shahФидемајсторот Роберт Велески го освои 54 место на Отвореното првенство “Георги Трингов” во Пловдив, Бугарија. Ова е сосема солиден пласман, ако се земе предвид дека учествуваа 240 шахисти од 15 држави. Меѓу нив имаше 12 велемајстори, така што конкуренцијата беше многу силна. Прилепскиот шахист одлично играше во првите седум кола со освоени 5,5 поени. Во овој дел не дозволи пораз, туку четирипати победи и трипати ремизираше. Највредна партија имаше со фидемајсторот Микалсен од Норвешка, принуден на предавање. Следеше послаб финиш во последните две кола, низ порази од Русинот Тиличев и Гркот Димитров за поскромен пласман на 54 место.

Првенството го освои бразилскиот велемајстор Фиер.

Loading