Победа
Екипата на Победа веројатно е најчестиот гостин на турнирот “Вуко Каров” во Кавадарци. Традицијата продолжува и в недела, каде во еден ден ќе бидат одиграни натпреварите за пехарот. Распоредот е по италијански систем со дуели од по едно полувреме. Точно напладне е мечот Тиквеш – Љубанци, потоа ќе се сретнат Љубанци – Победа, а на крајот за табелата ќе решава пресметката Тиквеш – Победа. Предвидени се тимски награди и за најдобриот играч. Претходно Победа во Охрид одигра 1-1 со Тетекс, со голот на новиот Даноски, а завчера во Логоварди со 3-1 го совлада Новаци, со два гола на Иваноски и еден на Гешоски.
Инаку, Даноски е седмиот нов, покрај К. Ристевски, Ј. Наумоски, Х. Петрески, С. Иваноски), Д. Димитриоски и Н. Тодороски.