НАЈАВЕНА АКТИВНОСТ

Фудбал – Третолигаши

Иако третолигашките екипи не се во групите професионални или полупрофесионални, и од нив се очекуваат зимски активности. Овој месец можно е стартување со тренинзи за подобра подготвеност за пролетните предизвици. Има најава дека наредната недела ќе се мобилизираат во некогашниот второлигаш и прволигаш 11 Октомври. Тренерот Дејан Кулески ќе ги има на располагање речиси сите првотимци од есенскиот дел. Официјално никој не најавил заминување. Пред младиот и перспективен тим претстои борба за искачување некое место погоре на табелата од петтото со 17 бода. Реален дострел е третата позиција.

Пролетниот дел од сезоната стартува во март.

Loading