МАЈМУН И МАГАРЕ НА СТАДИОН

Историја

Фудбалското ривалство меѓу Прилеп и Скопје датира од никулците на овој спорт и најверодостојно е отсликано низ дерби-дуелите Победа – Вардар. Во шеесеттите и седумдесеттите години, тензијата била до максимум како кај фудбалерите, така и меѓу гледачите. Инспирирани од важноста на најголемата меѓуградска пресметка во тоа време, навивачите доаѓале до различни идеи, кои денес можеби изгледаат неверојатни. На еден меч во Скопје домашните приврзаници се досетиле како да ги испровоцираат гостите. Ангажиран бил некој чувар во Зоолошката, кој довел еден мајмун облечен во дрес на Победа. Така го шетал на атлетската патека, а од трибина фрлале семки, банани и слично. Прилепчаните со душа го чекале гостувањето на скопјаните во Прилеп и смислиле вратка. Покрај теренот извеле едно магаре облечено во дресот на Вардар, што предизвикало огромна смеа во преполното гледалиште.

Победа и Вардар во овој период одиграле осум првенствени мечеви, најчесто пред 15 илјади гледачи.

Loading