ТЕСТ СО ВАРДАР ЈУНИОР

Ракомет

Ракометниот суперлигаш Прилеп по 19 дена подготовки влегува во фазата за воигрување низ пријателски мечеви. Првиот  закажан за вечерва е одложен за наредните денови во салата на СОУ “Р.Р.Ричко” против суперлигашот Вардар јуниор. Тренерите Томче Петрески и Пепи Манасков ќе можат да ги испробаат ракометарите кои им се на располагање. Во домашниот тим има петнаесетина првотимци кои вредно тренираа на кондициски и брзински план. Од есеноскиот кадар недостасуваат голманот Божиновски и бекот Шаренац. Нови не се предвидени, оти планот за влез во плеј-офот е остварен. Оттука нема притисок за пролетните искушенија. Најважен е влезот во друштвото на најдобрите, каде се Вардар, Зомимак и Металург. Секој понатамошен добар резултат значи голем плус.

Првенството стартува на 12 март, а групната фаза од купот е на 16 и 17 април.

Loading