ФИЛМОВИ ЗА ПЛАНИНАТА

Планинскиот филмски фестивал Ехо ќе се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови првин со филмска вечер. Во соработка со Општината, на 17 февруари од 18 часот во киното Мис Стон бесплатно ќе може да се проследат проекциите на кратките филмови кои го афирмираат планинарството. Првин ќе е Мали нешта, потоа, Прва македонска трансферзала, Операција мофат, Најдоброто аматерско видео, Слобода на две тркала и Метаноја.

Loading