СЕ ГРАДЕЛЕ КУЌИ, СЕ ГРАДЕЛЕ СТАНОВИ

Gradot bez hotelot Lipa Дека Прилеп од секогаш имал сенс за новото, за прогрес, покажува фотографијава. Се вишнее деветокатницата, се ѕида цигла по цигла, се курдисуваат станови. Никнува првата повеќекатница! Градилиште е ценатрот.

Одамна се мислело на урбанизацијата. За тоа сведочат канализационите цевки кои се поставувале! Се подобрувале условите. Жителите полетни и орни за прогрес не ги сопирала “жива сила”. Како што младоста, мајчината љубов í дава сила и крилја, и на оваа млада прилепчанка да поита и на велиспед, како што милуваат да речат прилепчани за најпопуларното превозно средство, да ја однесе челатта до кај мајка, баба, или пак на гости, на училиште! Ни жештината, ни прашината не í го земаат здивот, ниту видот! 

Loading