АФОРИЗМИ

– Светот е слеп, затоа што таков сака да биде.

– Кога ќе ја осетиш радоста во срцето, тогаш и солзите во очите ќе ја потврдат радоста.

– Кога не брзам – стигнувам.

– Ум имам – но малку го користам.

– Парите се интересна играчка, но без сопственик.

– Патот е тежок, оти друг господари со нас.

– Колку години имаш? Колку што сакам, или како што ќе ми кажат.

– (Не) мисли со главата од сите луѓе.

– Се издава ум под кирија, цена поволна.

– Одиш на работа? Не. Одмор сам си зедов.

– Во светот се живее според правила, а мислење нема.

– Кога мирот е нашиот водич, проблемите нема да ги посакуваме.

– Мислев нешто, но не променив ништо.

– Броевите се заблуда, а количината не.

– Вистината е во очите.

– Да се лечиме од тоа што го гледаме и слушаме.

– Љубовта може да го растопи срцето од мраз.

– Неуспехот е блиску, а со храброста доаѓаме до успехот.

– Не зборувај многу, а мисли малку.

– Да или не – се различни страни како светлината и темнината.

– Светот е како човек без срце, но со големо богатство.

– Се договориме да не си веруваме.

Зоран Николоски

Loading