Прилепскиот диџеј Александар Митрик ги раздрмоли посетителите на еден берлински клуб со техно сет. Дебито во Германија на еден од основачите на техно спојката Room 313 предизвика еуфорија. По забавите во студенска соба, па “преселбата” во клубот Капан Ан во Скопје, тој одблиску ја осети берлинската андерграунд техно сцена. Гостувањето е плод на соработката со германскиот техно состав Phonophil, со кој имаат мисија да ја шират техно музичката култура.
– DJ пултот го делев со домаќините, Big White, Craxx и Clavus, кои се добро познати на германските технољубители. Фасцинантно е чувството што сум одлетал далеку од дома да ја споделам мојата музичка библиотека на гласен саунд систем – ги пренесува впечатоците DJ Митрик.
![]()

