ШАХ НА СЛЕПО

Историја

Класичниот шах се игра со двајца учесници и меѓу нив табла со фигури, но во летото 1991 година се случи необичен меч без табла и фигури. Мегдан беше Радио Прилеп, а спротивставени мајсторските кандидати Тане Дулев и Митре Џајковски. Идејата и реализацијата за шах на слепо беа на уредникот на емисијата „Спортска сабота”, Драги Башески.

 – Божја дарба. Секој не може да игра шах на слепо, но за среќа тогаш ги имавме во градов Дулев и Џајковски. Бев заедно со нив во студиото, каде наизменично ги кажуваа потезите и истовремено ги паметеа, создавајќи сопствена слика за распоредот на фигурите, оти не ја гледаа таблата. Таа беше во другата просторија – кабината, каде секој потег го влечеше тогашниот млад новинар Петар Димоски. По долготрајна, исцрпувачка борба, партијата заврши со реми, а низ градот долго се зборуваше за овој несекојдневен настан – се сеќава Башески.

Loading