Круме Митрикески
Легендарниот голман и тренер на Победа, Круме Митрикески два месеца престојуваше кај своите во Детроит (САД) и оттаму носи големи импресии. Имал спортски разговори.
– Сретнав многу Македонци и прилепчани. Прашуваа како е Победа. Не ги забораваат успесите во минатото, 20 илјади гледачи… Добив впечаток, оти Прилеп го паметат по Победа – вели Митрикески.
Ново на спортски план кај нашите во Детроит е формирањето на првиот женски фудбалски клуб под името Македонија. Уште траела потрагата по фудбалерки. Интересно е што до Детроит стигнала и книгата од Драги Башески „Прилепски спортски големини”.
– Ми ја зедоа од раце и остана да ја множат. Ја разгледуваа љубопитно. За женскиот клуб им ја препорачав голманката Чакмакоска – информира Митрикески.