АНГЛИЧАНЕЦ ПРОТИВ ГРК НА ПРИЛЕПСКИ РИНГ

Бокс: В сабота е спектаклот „Прилеп фајт најт

Gladijatorska borba Mendes protiv MalicudisПо долго време конечно боксерска манифестација во организација на семејството Чатлески со Про бокс Македонија, БК Ас и КБК Шампион. Името на промоторот Дарко Чатлески ветува врвен настан и проверени учесници, гладни за борба во спектаклот наречен „Прилеп фајт најт”. Првпат за мегдан е одбрана салата на СОУ „Ѓорче Петров”, каде ограничениот број поканети посетители ќе имаат привилегија да уживаат во пресметките на рингот.

– Одржувавме секојдневни тренинзи со нашите борци и два месеца вложивме големи организациски напори. Се надевам дека организацијата ќе мине под конец, во најдобар ред, а нашите членови ќе остават добар впечаток – вели Чатлески.

Богата е програмата в сабота од 18 часот. Прво се претставуваат пионерите Мартин Алексоски (Ас) и Александар Арсовски (Аперкат Скопје). Следат кик-бокс дуели Бојан Станојоски (Шампион) и Божидар Димитриевиќ (Лескоец Охрид). Енвер Салиески (Шампион) – Христијан Митрески (Лескоец), Трајче Илиески (Шампион) – Давид Велкоски (Лескоец). Микс-содржината во продолжение се навраќа на класичниот бокс во највозрасната категорија – сениори со понуда на пресметката Ице Трајкоски (Ас) – Александар Петров (Аперкат). Натаму во лоу-кик сениори е мечот Коста Бочкаровски (Шампион) – Кире Ралески (Тетово). Овде ќе се види има ли некој налик на Тајсон, Кличко или друг од боксерските легенди. Сé се одвива пред очите на службените лица од Европската боксерска унија и Светската кик-бокс федерација.  Шлаг на вечерта е профи-битката во тешка категорија меѓу Гркот Карилаос Маличудис и Англичанецот Даниел Мендес. Предвидени се четири рунди по три минути.

–  Двајцата се одлични професионалци и неблагодарно е да се прогнозира кој ќе биде победник. Борбата е рангирана за светската листа на професионални боксери – потенцира Чатлески.

Како на врвните боксерски настани, за да мине сé според пропишаните процедури, предвидено е мерење на тежината на боксерите.

Loading