ДЕЛАТА ОД СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА В ГАЛЕРИЈА

Emociite na Biljana Bincev pred kavadarcaniВо  ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков” е отворена изложбата на дела на 18 автори, учесници на Меѓународната струмичка ликовна колонија. Наредните две недели ќе се проследат творби на уметници од Србија, Бугарија, Полска, Русија, Црна Гора, Македонија… Инспирацијата е црпена од старата архитектура и тесните улички и сокаци во Струмица, дел се апстракции, некои асоцијативни со дух или слободни креации, што е и убавината на уметноста.

Колонијата го збогати фондот со 40 дела и располага со 2.300 творби во повеќе техники, меѓу кои 60 мозаици.

Делата од членови на ДЛУП се презентирани во Македонски Брод.

А нашата уметница Билјана Бинчев ќе има изложба во Кавадарци. Насловот е „Емоции”, а содржината се творби полни со чувства.

– Го презентирам женскиот акт, како што го гледам – вели уметницата.

Бинчев првин дипломирала на Педагошки факултет во Битола, а потоа и ФЛУ во Скопје. Учествувала на повеќе ликовни колонии за вајарство, графика и сликарство.

Loading