„Човекот кој не знаеше да каже не“

Утре во театарот

„Човекот кој не знаеше да каже не“, по текст од Горјан Милошевски, во режија на Мартин Кочовски, е претставата која ќе може да се проследи в сабота од 19.30 часот во театарот „Војдан Чернодрински“. Претставата е во продукција на Малиот драмски театар од Битола, Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ и на нашиот театар.

Играат Илија Волчески, Владимир Ѓорѓијоски, Андон Јованоски, Димитрина Мицкоска, Наташа Наумоска, Здравко Стојмиров, Димитар Црцороски и Катерина Чакмакоска – Клинческа.

Сценографијата е на Филип Јованоски, кореографијата на Јана Менгер, музиката на Оливер Јосифовски, а костимите на Марија Пупучевска.

Loading