Театарот „Војдан Чернодрински“ доби од Министерството за култура нова современа сценска, тонска и светлосна опрема. Добиени се 10 рефлектори, стојки, сијалици, микрофони, дигитален миксер и друга опрема. Новата техника ќе влијае на создавање на продукции кои се пандан на претставите на еминентните институции од регионот. Авторите ќе имаат можност на сцената да продуцираат изобилство тонски и светлосни ефекти во функција на збогатување на квалитетот на театарското остварувања.
– Сценската технологија е срцето на театарот. Со опремата ќе се унапреди работата на нашиот театар. Таа позитивно ќе влијание на театарската продукција и врз пораскошен естетски приод на културната понуда – вели Тони Чатлески, директор на ЦК „Марко Цепенков”
Театарот годишно изведува 100 претстави, односно 4 до 5 премиери.