ТЕСТ – ГОЛОВИ НА ИДНИОТ КАЛЧО – СТРЕЛЕЦ

Хрватска

Илија Несторовски зеде уште посилеп залет откако потпиша договор за премин в лето во италијанскиот прволигаш Палермо. На првите два пријателски меча за хрватскиот прволигаш Интер Запрешиќ двапати ги затресе противничките мрежи. Прво го даде водечкиот гол против Виторул (Романија) на мечот кој заврши нерешено 1-1. Потоа пак постигна водечки гол со Копер (Словенија), како навестување на висок триумф од 5-0. Прилепчанецот го очекуваат уште неколку контролни дуели, а потоа е првенствената пролетна етапа низ борбата за повисок пласман на екипата.

Loading