ПОКРАЈ СТАНАРИТЕ, ПРИКЛУЧЕНИ И ТРИ ДРУГИ ПОТРОШУВАЧИ

За пожарот во влезот на зградата кај кружниот тек

Истрагата ќе покаже кои биле причините за избувнување на пожарот во влезот во зградата кај кружниот тек “Карпалак” што се случи пред една недела. Дополнително ќе биде утврдена и материјалната штета која ја предизвика огнената стихија на ул. Браќа Ламески при опожарување на разводната табла со 10 електрични броила и осигурувачи во влезот. Според полицискиот билтен на МВР, од увидот било констатирано дека покрај станарите од зградата од истата табла се снабдувале и три други потрошувачи.

Градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со станарите. Од Територијалната противпожарна единица информираа за преземената акција, а станарите се пожалиле на ненавремената интервенција на екипите на ЕВН за исклучување на струјата, дури после 45 минути од јавувањето на пожарникарите.

Некои од станарите се жалеле на потешкотии од вдишувањето на чадот, а во евакуацијата им помогнале пожарникарите со скали. Човечки жртви немаше, но за санирање на материјалната штета, градоначалникот најави помош.

Loading