Полицијата ги товари Љ.К. (53) и фирмата Аванти Ин Кисела за измама при добивање кредит или друга погодност.
Според СВР Битола, осомничениот лани во септември се претставил во Агенцијата за вработување како овластено лице од управителот на правниот субјект и побарал да аплицира за финансиска поддршка за отварање на нови работни места. Тој дал податоци за три лица без нивна согласност и знаење и изготвил документи за пријавување за понатамошно постапување. Готовите договори за вработување му биле доставени и Љ.К. ги потпишал во име на лицата, скусувајќи им го правото да ги користат погодностите за самовработување.