МАКЕДОНСКА ПЕСНА НА ГРАНД КОКТЕЛ

Mitkoski vo drustvo na Mia BorisavljevikОд грлото на Стефан Миткоски се разлеаа најубавите македонски староградски песни при гостувањето во емисијата Гранд коктел. Негувајќи пријателство со половина од српската естрада, добил покана да биде гостин на Гранд ТВ кај познатиот Горан Чомор, еден од најпопуларните водители во Белград. Незаборавно дружење поминал пеејќи и играјќи со боемите на српската народна песна, како Лепа Лукиќ, Зорица Брунцлик, Гордана Стоиќевиќ, како и згодната Миа Борисављевиќ. Имало и едно пријателско лице од татковината, Тијана Дапчевиќ.

– За чудо Србите ме паметат од шоуто Ѕвездите на Гранд. Ме препознаваа на бензинските станици. Одлично мина гостувањето кај Чомор. Српските колеги ме поддржуваат и со ќеф ме прифаќаат. На следниот настап доаѓа и Лидер Бенд да бидеме комплетни – кажува Миткоски.

{AG}387/12{/AG}

Не завршува медиумското претставување кај северниот сосед. Ќе биде и во емисијата кај пејачката Гордана Стоиќевиќ заедно со Беки Дејвиќ кој му бил близок колега од Србија.

Loading