Градоначалникот Ристески е кум на празникот Св. Три Светители
На еснафската дружба која традиционално се одржува на 12 февруари, на Свети Три Светители, домаќин ќе биде градоначалникот Марјан Ристески. Се очекува меѓу бакалите да биде и поглаварот на МПЦ.
Како поддржувач на традицијата на бакалите кои се дел од економското живеење во градот, а пред се како кум, првиот човек на градов го покани Архиепископот Охридски и Македонски Г-дин. г – дин. Стефан. Ристески очекува поглаварот да служи божествена литургија на Денот во црквата Свето Благовештение.
И лани, на празникот на бакалите, присуствуваше и поглаварот со владиците Климент и Иларион.
Бакалот Кире Крстески раскажува дека празникот се прославува од 1954 г. Прво се славел на 26 ноември, без јавност и помпезност, и од година во година одбележувањето да биде помасовно.
![]()

