ЗМИЈА ИМ БИЛА ПОСТЕЛА

Zmija gratis namestajСмок во новата седечка гарнитира открило семејството Пејоски. Змијата не само што живеела под ист покрив, туку такаречи седеле и на иста трпеза. Гарнитурата сефте била со згрешена боја, па сопствениците ја замениле, но за бакшиш добиле и змија.

Од време на време слушале чудни звуци на чкртање и шуштење, но ни на крај памет не им паднало дека влекач се крие под постелата во дневната соба. Сопружниците се двоумеле дали да проверат дека можеби глушец им се вседелил во куќата. Но, неподносливата реа го натерало домаќинот да ја расече гарнитурата и да ја открие змијата.

– Сопругата се тревожеше дека има нешто поради звуците, но не обрнав доволно внимание. Последниве денови излегуваше лоша миризба и тргнав во потрага – раскажува Љупчо Пејоски.

Среќа во несреќа, змијата веќе била мртва. Но, голем бил стресот од сознанието дека два месеци змијата живеела им била под постелата на која спокојно седеле. Сопствениците проценуваат дека  несаканиот гостин бил мртов, поради немоќта да излезе.

Пејоски се пожалиле до соодветните институции, оти се сомневаат дека змијата ми била подметната. Најавуваат барање за отштета за претрпената траума и нарушениот мир.

Loading