СПАСЕНО ДЕТЕ ОД ШАХТА

Brza pozarnikarska intervencijaПожарникарите спасија четиригодишно дете, заглавено во отворена шахта на дождовната канализација во населбата Тризла. Извлеченото дете неповредено, со солзи во очите, е предадено во прегратките на мајка си.

Противпожарната единица била повикана да го извади детето, кое во играта пред домот на улицата “Тризла” влегло во отворот за канализација подлабок од неговата височина и не можело да излезе ниту со помош на родителите и комшиите. 

– Реагиравме брзо и грижливо. Не беше лесно, туку се работеше внимателно во близина на детето. Беше нужна комплетна концентрација и претпазливост. Интервениравме со моторни пили за сечење бетон и силни дупчалки. Ја пресековме цефката за детето да се извади неповредено – вели пожарникарот Славко Грујевски.

Лани пожарникарите спасија жена падната во бунар.

Loading