СВЕТНА МОСТОТ

Кај ОУ „Кочо Рацин“

Most so arhitektonski atributiМостот кај ОУ „Кочо Рацин“ доби модерна физиономија. Сменета е старата метална ограда со креативно архитектонско решение. Поставени се и светилки за подобрување на безбедноста, а пешачката патека послана со мермерни плочки. Новиот изглед го разубавува овој дел од градот. Не е еден најголем и најширок, но е еден од најубавите мостови на кој сега стои новата ограда во барок стил, со светилки кои дополнително го красат и одаваат доста романтичен изглед, по кој додека луѓето чекорат им буди позитивни чувства и насмевки.

Локалната самоуправа вложи 2,3 милиони денари.

Loading