СПИРКОСКИ КОН ВЕРДЕР, НЕСТОРОВСКИ ВО ПАЛЕРМО

Интернационалци

Nestorovski levo Spirkoski desnoМладиот Бојан Спиркоски (20) кој неколку сезони настапува за чешкиот прволигаш Јихлава, има изгледи да се пробие во поквалитетна средина. Деновиве престојува во Турција, како дел од германскиот прволигаш Вердер. Извесни се пробни мечеви и не е исклучен трансфер. Во најмала рака е најавена можноста играчот прво да биде во вториот тим на бундеслигашот. Спиркоски е од Долнени, а пред четири години играше во средниот ред на 11 Октомври.

Голема работа веќе заврши Илија Несторовски (25), напаѓачот и голгетер на хрватскиот Интер Запрешиќ. Тој е пред преселба во италијанскиот прволигаш Палермо, каде моментно член е Александар Трајковски. Договорено е трансферот да се случи в лето, по завршувањето на првенството. Несторовски е убедливо најдобриот стрелец во лигата и затоа за него имаше понуда и од унгарскиот Видеотон. Претходно играше во Чешка, а во 2009 година замина од матичниот клуб Победа.

Loading