Бокс
Речиси секоја година во градов има по некој боксерски настан, така и на почетокот од оваа. Во организација на Про бокс Македонија, БК Ас и КБК Шампион најавен е спектакл за 6 февруари под наслов “Прилеп фајт најт” во салата од СОУ “Ѓорче Петров”. Во воведниот дел ќе учествуваат најмладите домашни претставници, а шлаг на вечерта е професионалната боксерска борба меѓу Даниел Мендез (Англија) и Немања Крагуљ (Босна). Специјален гостин е поранешниот професионален светски шампион Орландо Вит (Франција).
– Даваме сé од себе да ги промовираме градот и државата. Низ врвни манифестации ги мотивираме младите на спортска волја – вели Дарко Чатлески, организаторот.
Публиката ќе присуствува само со покани.
![]()

