КОШАРКАРСКИ ТУРНИР 1976

Историја

Ретки биле кошаркарските спектакли во градов, а еден од нив се случи во мај 1976 година. Во организација на КСМ и КК Гоце Делчев се одржа турнир во Универзалната сала. Учесници беа југословенските прволигаши Работнички (Скопје), Црвена звезда и Беко (Белград) и репрезентацијата на Македонија. Првиот ден Репрезентацијата загуби од Беко, а Работнички ја совлада Црвена звезда. Вториот ден, пред 2000 гледачи, во борбата за трето место Репрезентацијата загуби од Црвена звезда, а во финалето Беко славеше победа над Работнички. Најефикасен на турнирот со 44 поени беше Стојановиќ (Беко).

Во составот на Репрезентацијата имаше и прилепчанец, Михајло Атанасоски (Гоце Делчев).

Loading