ТРЕНИНЗИ ПО 20 ЈАНУАРИ

Ракомет

Меѓу 20 и 25 јануари е предвиден стартот на подготовките за машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Тренерот Томче Петрески се очекува овој важен дел да го реализира во градов, бидејќи тука ги има сите потребни услови, почнувајќи од салата во СОУ “Р. Р. Ричко”. Дури во финишот од подготовките, во фазата за воигрување, ќе се патува на одиграње на неколку контролни дуели. Второпласираниот тим на есенската суперлигашка табела никој нема да го напушти, Затоа нема потреба за засилувања. Поставата е иста, од тренери до играчи. Продолжуваат каде што застанаа. Напролет се очекува да ги оправдаат одличните есенски резултати. Претстојат четири меча од основниот дел, на гости со Работнички и со Металург, дома со Охрид и со Радовиш. Потоа е плеј-офот и нови привлечни дуели со Металург, Струмица и Вардар.

Женскиот тим на Прилеп нема утврдено датум за старт на подготовките затоа што од РФМ не известува кога ќе почне пролетниот дел од Лигата.

Loading