ФРЛАЊЕ НА СВЕТИОТ КРСТ

На 19 јануари

Во вторник, на 19 јануари во 12 часот во водите во базенот од ресторанот Сонце ќе се фрла светиот крст. Од година во година, расте  масовноста кога во студените води скокаат и по 60-70 верници, меѓу кои има и момчиња и девојчиња.

Вообичаено има и богојавленски ручек. На овој празник со години се организираа донаторски конференции за собирање средства за доизградба на црквата Света Петка со камбанарија во Точила.      

Во спомен на Христовото крштевање, црквата го воспоставила празникот Крштевање на Господ Исус Христос, односно Богојавление – Водици. При крштевањето се јавиле пресвети Тројца: Богот Татко од небото зборувал за Синот кој се крстил: Синот Божји се крсти од Јован, чин што го видел Богот Татко, а Светиот Дух од висините слетал како гулаб, потврдувајќи го гласот на Таткото.

Се верува дека Богојавление е празник на многубожниот Бог, кој ги исполнува желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Водите за миг престанувале да течат и биле лековите. Крстената вода добива моќ и на тој ден се благословува: “Како што помина овој чесен крст, годината да е чесна и бериќетна, како што капи капка вода, така да капи сребро и злато и да се роди бериќет”.

Loading