ИТАЛИЈАНЦИ ЌЕ ГИ ГРАДАТ ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ?

Италијанската компанија Кондоте, која гради четири мали хидроелектрани во земјава, е заинтересирана за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште за проектот вреден 650 милиони евра.

Ова го најави министерот за економија Беким Незири.

Детали се очекуваат наредните месеци. Италијанците изразиле задоволство од креираната владина рамка за странските инвеститори во земјава.

– Нашата компанија е многу заинтересирана да инвестира повеќе капитал во вашата земја – изјавил Дучо Асталди, генерален директор на Кондоте.

Во Македонија има 64 концесионери. Целта е производство од обновливи извори и поевтина струја од сегашната.

Италијанската компанија ја изгради првата мала хидроцентрала на Ештеричка река. Гради уште три, од кои две на Зрновска и една на Кадина река. Таа е една од водечките градежни компании со традиција преку 130 години и гради инфраструктурни проекти на сите континенти, остварувајќи годишен обрт од 1,2 милијарди евра. На македонскиот пазар е од 2013 година.    

Loading