ЧУДО ОД ДЕТЕ

Џудо

Lesno gi soboruva vrsnicite - Martin PetreskiГрадов дава многу џудо таленти, а во последно време најмногу се зборува за деветгодишниот Мартин Петрески од ЏК Пролетер. Под надзор на тренерот Славе Димитријоски, вештината ја изучува две години и веќе освои десетина медали. По првиот настап и поразот во Битола, продолжи само со победи и веќе нема кој да го сопре. Стана државен првак кај помладите пионери до 27 килограми, а освои уште три медали од меѓународните турнири во Белград, Софија и Катерини. “Чудото од дете” не се плаши од повисоките, оти силата му е во тактиката и техниката.

– На Државното, тројцата конкуренти беа преслаби. Многу лесно ги победив. Во Белград бев трето, во Катерини второ, а во Софија прво место. Таму совладав стружанец, Грк и тројца Бугари – вели Петрески.

Следниот турнир е во Солун.

Loading