Карате
Во Македонскиот народен театар во Скопје во организација на АМС се одржа традиционалниот Избор на најдобрите спортисти на Македонија „Спортски оскар“. Како лани, и сега, за најуспешен женски тим во 2015 е прогласен државниот карате ката тим од близначките Мишела и Маријана Димоски со Киријана Камческа (КК Ронин). Статуетката ја добија заслужено, поради резултатите. Лани тимот беше второпласиран, освојувајќи го среброто на Светското првенство во Џакарта, Индонезија. Тука се додаваат и златните медали од Балканското во Дубровник, од Карате премиер лигата во Истанбул. И Карате федерацијата на Македонија ги избра најдобрите. Карате клубот Ронин доби шест плакети. Најблескави признанија од претседателот Драган Стојановски се за првонаградените. Во категоријата јуниорки сите три најдобри се од прилепскиот клуб: Маријана, пред Мишела и Киријана. Во категоријата клубови Ронин е втор зад Металург, а кај тренерите второнаграден е Златко Димоски. Кај сениорките третонаградена е Пулексенија Јованоска.
Репрезентативките од овој клуб стартуваа со подготовките за Европското во Кипар.
![]()

