СО ДОНАЦИИ РАСТЕ КНИЖНИОТ ФОНД

Библиотека

– Сто наслови подари Славјанскиот универзитет

Donacija za bibliotekata od slavjanskiot univerzitetКнижниот фонд на библиотеката е збогатен со сто нови наслови од областа на економијата, психологијата, филозофијата, научни зборници и други книги. Донацијата е на издавачката куќа ,,Меѓународен центар за просвета,, при Славјанскиот универзитет.

– За донацијата заслужни се професорите од Прилеп кои предаваат на нашиот универзитет. На овој начин сакавме да ги честитаме новогодишните и божикните празници и да придонесеме прилепчани да имаат на располагање најразличен вид на литература – изјави м-р Игор Михајловски, раководител на одделението на универзитетот во Битола.

Во библиотеката не го криеја задоволството за воспоставената соработка со славјанскиот универзитет.

– Отворени сме за соработка не само со институции, туку и со обични луѓе. Годинава добивме неколку донации со околу 300 наслови – вели Петар Петрески, директорот на библиотеката.

Претходно донација на повеќе наслови даде и прилепчанецот Драган Ристески од Скопје, отстапувајќи ги книгите од неговиот татко.

– Заслужува библиотеката да ги поседува овие наслови по два примероци. Книгите се историја, народно творештво и раскази за Итар Пејо кои се вистинско богатство за јазикот, кои сега не можат да се најдат никаде да се купат. Во овие наслови е зачуван јазикот на мариовците – вели Ристески.

Книжниот фонд на библиотеката сега брои 150 илјади наслови. 

Loading