ЕМ СОЛИСТКА, ЕМ ХОРИСТКА

Катерина Попоска

Katerina Poposka osobeno saka da pee gezКатерина Попоска е професионална музичарка која во последниот период го сврте вниманието на јавноста со своите настапи.

Од каде извира желбата за пеење?

Како дете седнував пред телевизор и ги гледав оперските пејачи. Се восхитував како изгледаат. Се прашував како е можно така да пеат и да звучат. Кога прашав дома, како пеат, моите велеа дека пеат со дијафрагма. Не знаев што е тоа. Се прашував која е таа сила што ги држи да бидат различни од обичните луѓе. Пеев низ дома, а домашните беа прва моја публика. Пеев и во училиштето, затоа што моите учители и врсници сакаа да ме слушаат. Пеевме и со другарчињата на улица и цело време се оев со сонот дека еден ден ќе бидам како тие кои пеат на дијафрагма, различно од другите.

Музички си ,,поткована,,. Имаш образование?

Од 11 години сум во водите на музиката, со оглед на тоа дека од основното, па средното, па високото музичко образование можеби праксата и времето ме научиле да бидам поподготвена и сигурна во моите настапи…

Што сака да пее Кате?

Сакам да пеам  се што ми лежи на душата. Од класичарите и го обожавам Моцарт и неговата живост. А од џез сцената се воодушевувам на Ела Фицџералд, тука е и Сара Вон, Диана Крал, Нина Симон, Аструд Џилберто…

Какво е чувството на сцена?

Не се објаснува. Тогаш не припаѓаш меѓу обичните луѓе, со енергија. Луѓе со внимание на едно место гледаат чекаат, а ти си една. Сето тоа го абсорбираш и го умножуваш. Непроценливо е. Не за џабе се рекло, “музиката е дар од Боговите”.

Каков избор на композиции сакаш да исполнуваш?

Тоа се композиции каде што можеш да произведеш музика, каде што можеш да ја доживееш музиката да се соживееш со неа и да ја искажеш…

Дел си и од црковниот хор Св.Петка. Што значи тоа за тебе?

Учеството во црковниот хор Св. Петка за мене тоа е од големо значење. Со мојот глас на некаков начин, барем му се оддолжувам на Бога за тоа што Тој ми понудил…

Следни планови?

Планови имам многу, ама реализацијата оди полека. Сакам да продолжам со музиката, да имам концерти и настапи и да бидам здрава и жива.

НАСТАП СО ПОП ПЕЈАЧКАТА ДАНИ

Катерина Попоска е дипломиран музичар теоретичар.Завршила средно музичко училиште, остек соло пеење и ФМУ, музичка теорија, во Скопје. Настапувала во хорот при ФМУ, хорот при Младинскиот културен центар во Скопје со кој има освоено многу награди. Како придружен вокал, пеела и со македонската поп пејачка Дани Димитровска. Во почетоците била вокал на  рок бендот “Д Хаундс”. Дел е од црковниот хор при црквата “Св. Петка”. Настапува и со локалниот бенд, Џез Соул Фанк Квартет … 

Loading