ФИКЦИЈАТА СТАНУВА СТВАРНОСТ

Од почетокот до крајот на старата година

Elkata e svetla perspektiva na gradotМеѓу 1 јануари и 31 декември сигурно дека градот се променил на подобро. Додека ‘рскаат петарди и новогодишната еуфрија е пред кулминација, стивнуваат есапите за сумирање на ефектите на минатите 365 дена. Главно погледите се свртени во претстојната година, зашто природно очите да се насочат во иднината, а минатото да биде поука.

Прашање е колку градот напредува, а не дали е во прогрес.

Со еден поглед наназад, многу. Тоа е силен капитал за иднина. Најсилно е поентирано во доменот на ублажување на најболното прашање, невработеноста. Особено се подгреани надежите со Гентерм, без разлика на реакциите на дел од вработените за привременото откажување на договорите за работа. Згора на тоа, силен удар на невработеноста со пад на евидентираните во Бирото се зададе со владините мерки за вработување. Егзистенција најдоа неколку илјади луѓе кои со години чекаа работен ангажман. Ефектите ќе беа уште поголеми ако стопанствениците покажеа поголема храброст во реализацијата на развојните планови и со подготвеноста на невработените за полесно вработување со преквалификација според потребите на бизнис секторот. Но, главно, крупната американска инвестиција од 20 милиони евра и најавената на Германците за технолошко индустриската зона Алинци се оптимистички влог за подобра 2016 година. Силен импулс за граѓаните се индустриските зони Прилеп 1 и 2. Изградбата на погони и инфраструктура наскоро ќе ги дадат плодовите со нови вработувања, пошироки можности на бизнисмените за извоз, зголемување на производството или асортиманот, модернизација на технологијата, освојување на нови пазари. Уште нешто. Со падот на невработеноста, растат заработувачките. Пазарот на работна сила се стеснува. Работниците ќе бидат поскапо платени за вложениот труд.

Идната година секако ќе биде предизвик за локалните власти да го кренат квалитетот на животот преку проектите од локален карактер. Можеби не се чувствува реално какви се предимствата и значењето на огромниот проект за реконструкција на канализацијата и изградбата на пречистителната станица. Но, тоа е практично адут за идните децении. Ефектите ќе ги чувствуваат не само денешниве, туку и генераците кои доаѓаат. Еколошките аспекти и ризици, на кои не се гледа денес со вистинските очи, ќе ги евидентираат за придобивки  нашите наследници и потомци. Колку за илустрација, при изградбата на булеварот со авениски димензии со малку автомобили во педесетите години, мајтапчиите се шегувале дека се прави писта за магарињата да полетуваат додека со кошевите одат на тутунските полиња. Денес, главната градска сообраќајница, покрај проширувањата, е тесна да го прими згустениот сообраќај. Тоа што некогаш изгледало мегаломански, сега е минорно. Така и со проектот за пречиститилната станица со кој  градот ќе се обезбеди од заканата од загадувања на долг рок.

Капиталните проекти за проширува на најфреквентните улици се бенефит кој е тргнат поодамна и ги доживува најквалитените промени годинава. Кружните текови не се мода, туку се потреба за олеснување на проодноста. Широките улици се нужност за иднината. Просперитетот на градот нормално е да бара други нови соодветни и урбанистички решенија. Во тој контекст секако е новиот генерален урбанистички план, каде се редефинираат некои проекции и се доведуваат со предвидувањата за следниве најмалку десет години.

Што може друго да се акцентира за разликата меѓу две новоогдишни ноќи. Мнозинството од граѓаните живее подобро од лани и со повеќе надеж, и тоа не фиктивна, туку реална. 

Loading