ФАЦИ ОД НАШИОТ СОКАК, ДО СВЕТСКИ ЅВЕЗДИ

ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА

Во празничната еуфорија наместо да прашуваме каде и со кого за Нова година, Да или Не за славењето на Новата година, Што посакувате Дедо Мраз да донесе во 2016 г., По што ќе се памети годината што измина, наместо новогодишно мени, заинтригиравме со прашањето за тоа која е впечатлива личност, кој човек оставил траги во меморијата или кој настан е незаборавен, практично која е личноста или збиднување на годинате. Граѓаните имаа широки можности за избор, да ја “откријат” личноста, можеби меѓу членовите од семејството, меѓу спортистите, актерите, музичарите, или можеби меѓу политичарите, било од градов, земјава или можеби на светско ниво.

На некои, прашањето им задаваше “главоболка”, оти барем за миг се правеа ретроспективи на годината на која веќе í дојде крајот. Се враќаа памтењата назад за да се сетат на моментите кои создале радост или можеби тага. “Ги ставаа на кантар” придонесите, делата, за да се определат кој заслужува, кој отскокнува, кој оставил печат лани, се присеќаваа на некои кои ги сретнале по медиумите, или можеби очи во очи. Наидовме и на двоумења.

1. Petre StojanoskiПетре Стојаноски: Годината ја одбележаа оние кои се закитија со третоноемвриска награда, уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски – Бонач. Заслужни се, оти се обележје на градот. Ги издвоив, оти сакам да се негува прилепското, нашето, придобивките за градот.

 

 

 

 

 

 

2. Ilija AngeleskiИлија Ангелески: Не знам многу за политика, но како личности кои ми ја одбележаа годината ги издвојувам внуците. Тие ми носат радост и ми го продолжуваат векот. Ме радуваа кога ми носеа убави оценки и букети. Иако се мали, едното е второ, а другото в градинка оди, тие ми се светот, личности со кои се воодушевувам.  

 

 

 

 

3.Pece IvanoskiПеце Иваноски: Личност на годината сум јас, оти сум најубав. Остварувам сé што посакувам. Многу пари извадов, а и со жените многу ми оди.

 

 

 

 

 

 

 

4. Violeta BlazeskaВиолета Блажеска: Личност на годината е градоначалникот Марјан Ристески, оти многу го уредува градот, води сметка за граѓаните и заслужува. Како татко е на големиот прилепски дом кој се грижи за сите, дури со инвентивноста и работливоста инспирира да се тргне по неговите стапки. Тој го поттикнува прогресот на културата.

 

 

 

 

 

5. Kire TrajkoskiКире Трајкоски: Не знам која личност да ја изберам што ја одбележала годината. Политичарите не ги сакам. Елена Валеска ме развеселува, но не би ја избрал, оти не е поентата дали ја сакам, туку прашањето е дали таа ме сака. Би одбрал некој кој направил добро дело. Такви се спортистите со хендикеп, кои постигнаа успех, освојувајќи медал на државно првеснство. Тие се личности број еден во земјава. Успехот е за почит.

 

 

 

 

6. Ruzica CvetkoskaРужица Цветкоска: Светската пејачка Бијонсе, оти создава хитови и пее добри песни. Од мала ја обожувам. Ме инспирира и ја доживувам како една од најмоќните жени, достојна за пример.

 

 

 

 

 

 

7. Elizabeta RazmoskaЕлизабета Размоска: Внуците се главни. Оставаат најдобар впечаток и се најголема радост, особено кај бабите и дедовците. Тие се најмладите и најмилите членови, на кои им се посветува најголемо внимание. Весело врват деновите, затоа ти се на врвот за  одбележување на годината.

 

 

 

 

8.Igor TrpceskiИгор Трпчески: Ако прашањево беше поставено пред неколку години би го одбрал оној кој ги објави материјалите за Викилис, оти направи големо дело за светот. За личност на годинава би ги издвоил Тунис квартет за национален дијалог, кои ја освоија нобеловата награда за мир.

 

 

 

 

 

 

9. Hristina Markova GorgioskaХристина Маркова Ѓорѓиоска: Англискиот актер Орландо Блум, кој ги посети мигрантите и бегалците во Гевгелија и разговараше со нив за нивните проблеми и враќањето во своите земји. Тој направи нешто светско, поврзано со нашата татковина. Како амбасадор на добра волја покажа голем интерес, особено за децата бегалци. Тој е прв светски актер од висок маштрап кој дошол во Македонија.

 

 

 

 

 

10. Vladimir GjorgjioskiВладимир Ѓорѓиоски: Две личности се најзначајни – Нена и Бистра. Кои други помалку или повеќе од децата.

 

 

 

 

 

 

 

11. Nikola JovanoskiНикола Јованоски: Дедо Мраз, оти дава многу подароци и е атрактивен пред Нова година. Цела година ја чекам да станам Дедо Мраз.

 

 

 

 

 

 

 

 

12. Emilija CavleskaЕмилија Чавлеска: Годинава на десетчлено социјално загрозено семејство им помогнавме работејќи на хуманитарна акција преку Црвениот крст. Обезбедивме две работни маси децата да пишуваат, мијалник и бојлер. Тоа семејство се моите херои, оти беа осум деца, кои живеат во средина полна со нечистотии, но беа среќни. Ме инспирираа да преземам слични активности и да помагам заедно со околината. Да бидиме хумани, оти на младите тоа останува.

 

 

 

И колку и да прашуваме, колку одговори и да добиваме и да не добиваме, сепак, неминово е да заклучиме дека луѓето, првин ја одбираат фамилијата, оти деновите, неделите, месеците во годината ги минуваат со најблиските, со првите со кои ја поделуваат радоста и  тагата, за оние кои најмногу се грижат, но и кои најмногу им го развеселуваат животот, продолжувајќи им го векот и давајќи им надеж и волја за будење во новото утро. 

Loading