БЕЗ ПРОМЕНИ

Ракомет жени

Довербата е максимална во екипата што есеноска постигна три првенствени победи во женската лига и извесно е дека играчкиот кадар во ЖРК Прилеп нема да претрпи никакви измени. Видлив беше прогресот во однос на минатата сезона во организацијата во играта, желбата за победа, борбеноста. Така треба да се продолжи.  Во тимот остануваат засилувањата отстрана, Ристовска и Јовановска од Струга, Крстевска од Битола и Маринковска од Гостивар. Зависно од датумот за продолжение на првенството, ќе биде одреден денот за првата прозивка во новата година. Одморот за ракометарките ќе трае до втората половина на јануари.

Loading