НЕЗАБОРАВНА НОЌ НА ПЛОШТАД

Tradicija i moderno na ulicaНовогодишната програма на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп ќе започне на 31 декември во 11 часот и ќе трае до 5 часот наутро во првиот ден од новата година. Забавата е со напладне локалните ѕвезди ACES UNFOLD, прилепските хипхопери СТАНИЦА 048 и специјалните гости BROOKA BEND за мераклиите на реге, ска и хип хоп музиката.

Ексклузивната ноќ е со музика која ќе ги поврзе младите и старите, традицијата и модерното, со најпопуларниот македонски бенд во 2015 година, музичката сензација, ЉУБОЈНА BRASS FANTASY.    

Новата 2016 ќе ја започнеме со ритамот на архитектот на македонската хип-хоп музика. Првпат на плоштадот ќе настапи легендата од С.А.Ф., DJ Димитри from Chair.

Снежана Ристеска од локалната самоуправа вели дека изборот  е предизвик за сите генерации наместо во кафетериите или рестораните или пак дома, преодот од старата во новата година да се дочека на плоштадот со чај. 

Loading